Горан Пандев продаде 90 отсто од Академијата
Во текот на вчерашниот ден на македонската берза биле продадени 2.250 од 2.500 акции на македонскиот прволигаш Академија Пандев, по вкупна цена од над 37 милиони денари, односно над 600.000 евра, објави „Фактор.мк“.
Засега нема официјална информација за тоа кој купил 90 отсто од акциите на македонскиот прволигаш, иако во февруари имаше најави дека италијанско-американската „Брера Холдингс“ сака да ја купи Академија Пандев, а такво нешто најави и македонската легенда Горан Пандев.
„Многу луѓе не веруваа во овој проект. Ама, на крај јас сум среќен што во Македонија ќе инвестираат Американци и Италијанци. Акциите ги продадоа на берза и сега ќе почнат да купуваат клубови. Прв е Академија Пандев, па се надеваме дека ќе избориме опстанок и од следната сезона ќе направиме тим кој ќе игра главна улога во македонското првенство“, ни изјави Пандев од Њујорк во февруари.
Струмица требаш да биде центар на проектот затоа што европскиот фудбалски пазар е најголем и најмоќен за промоција на фудбалери, а исто така проектот требаше да биде поврзан и со клубови во Аргентина, Гана и Мозамбик.
Извршниот директор на „Брера Холдингс“, Серџо Скалпели кажа дека со влегувањето на Брера во Академијата ќе се олесни размената и ќе се отвори трансфер-пазарот и за други клубови од Африка и Јужна Америка.
„Со влегувањето на Брера во Академија ќе ја олесниме размената и ќе го отвориме трансфер-пазарот за други клубови од Африка и Јужна Америка, особено за играчи на возраст од 18 до 21 година. Овој клуб ќе може да се пријави за најголемите и најважните младински турнири, како што е Вијареџо, а таму ќе може да се натпреварува против врсниците од големи клубови, а тоа е најдобра можност за промоција на младите фудбалери и со огромни можности потоа на трансфер-пазарот“, кажа Скалпели.
Засега нема официјална потврда кој откупил најголем дел од акциите на актуелниот македонски вицепрвак, но наскоро се очекува тоа да биде објавено во јавност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…