Горивата поевтинуваат од половина до два денара

t

Регулаторната комисија за енергетика ги донесе новите цени на горивата кои ќе почнат да важат од ноќеска на полноќ. Според одлуката следи поевтинување на нафтените деривати.

Од ноќеска на полноќ Еуросупер БС – 95 поевтинува за половина денар и ќе се продава по цена од 74 денари за литар.

Поголемо поевтинување има кај 98 ката односно цената за овој тип на гориво се намалува за 2 денари за литар, па новата цена ќе изнесува 76,5 денари.

Поевтинува и дизелот за еден денар и од ноќеска на полноќ ќе чини 68,5 денари за литар.

Надолна корекција од еден денар има и кај екстра лесното масло за домаќинство. Новата цена од 68,5 паѓа на 67,5 денари.

За еден денар поевтинува и биодизелот и ќе чини 69,5 денари за литар.

Непроменета останува цената кај Метанот и Автоплинот, 65 денари за килограм односно 41,5 денари за килограм.

Мазутот од 44,780 денари за килограм паѓа на 43,507 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Горивата поевтинуваат од половина до два денара

Регулаторната комисија за енергетика ги донесе новите…

(Фото) Директорот на ДЗС фотографиран со криминалец…

Во сооштение до јавноста Владата на Република…

(Видео) Кој лаже – Случај црква Св.…

По случајот кој го привлече вниманието на…

(Видео) „Балансерот останува на сила, потона уште…

„Министерот за јавна администрација кој доаѓа од…

(Видео) Кузеска: Бројни советници по кабинети, масовна…

Додека полицајците на граничниот премин Блаце се…