Горивата ќе стигнат до над 100 денари од литар?! – Германски министер најавува ембарго на руската нафта за неколу дена!
Европското ембарго на руската нафта е можно „за неколку дена”, оцени германскиот министер за економија Роберт Хабек, иако засега нема неопходно едногласност во Унијата по тоа прашање.
„Остануваат само неколку земји, пред се Унгарија, кои посочија проблеми”, изјави синоќа Хабек за јавната телевизија ЗДФ, но додаде дека „преговорите продолжуваат” и оти смета дека „ќе успеат да нарават напредок за неколку дена”.
ЕУ веќе најави прекин на увозот на руски јаглен од август, но се уште се разговара за воведување ембарго на руската нафта до крајот на годината. Одлуката бара едногласно одобрување од државите членки.
„Ембаргото е многу блиску”, рече Хабек.
Брисел планира да го прекине увозот на руска нафта во следните шест месеци и преработени производи до крајот на 2022 година, но засега Унгарија одбива да го прифати овој шести пакет санкции предложен од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, бидејќи нема гаранции за одржување на снабдувањето .
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…
МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…
Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…
Просторот околу Собранието прогласен за безбедносна зона…
Собранието на предлог на Владата, усвои нов…