Гори Паркот на природата Езерани – Преспа под закана од еколошка катастрофа

t

Преспанскиот регион утрово повторно се разбуди обвиен во густ чад, откако цела ноќ беснееше пожар во Паркот на природата Езерани – едно од најзначајните заштитени подрачја во земјава кога станува збор за биолошката разновидност.

Македонското еколошко друштво алармира дека пожарот, кој избувнал вчера, сè уште не е ставен под контрола и дека пламените јазици веќе направиле огромна штета врз живиот свет. Паркот е дом на бројни автохтони растителни и животински видови, дел од кои се строго заштитени. Според еколозите, не се загрозени само ретките видови, туку и целиот екосистем на Преспанското Езеро, чиешто здравје е тесно поврзано со состојбата во Езерани.

Покрај природната штета, постои сериозна опасност за приватните поседи и овоштарниците во населените места што се граничат со паркот. Локалното население е во страв и неизвесност, додека квалитетот на воздухот и животната средина се влошуваат од час во час.

Во борбата со огнената стихија се вклучени сите расположливи локални ресурси, но од Македонското еколошко друштво велат дека тоа не е доволно. Потребна е итна интервенција и поддршка од државните институции, како и активација на сите капацитети за гаснење на пожарот по воздушен и копнен пат.

„Брзата реакција е неопходна за спас на Езерани,“ порачуваат од Друштвото, повикувајќи ги надлежните органи, инспекциските служби и противпожарните единици на итна мобилизација.

Извор: 4њуз

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гори Паркот на природата Езерани – Преспа…

Преспанскиот регион утрово повторно се разбуди обвиен…

Путин: Ако се потпираме само на извозот…

Русија ќе ја изгуби конкурентноста, а со…

Хорор во Србија: Си го убила сопругот…

Четириесет и петгодишна жена од Стара Пазова,…

Работничка добила отказ еден ден откако ги…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…

„Срамно, Јаневска направи хаос со образовните асистенти…

„Министерката Весна Јаневска свесно направи хаос со…