Господ нека ни е на помош: И ќерка му на Таче била против Францускиот предлог АМА сменила став и МУ СЕ ИЗВИНИЛА!
Премиерот Димитар Ковачевски, кој вчера предводеше владина делегација во Брисел на Првата меѓувладина конференција со Европската унија, како и на почетокот на скринингот за нашата држава, на враќање од европската престолнина беше во исти авион со новинарите, и во неформален разговор со нив сподели една интересна информација.
Имено, тој раскажа дека неговата млада ќерка Тамата Ковачевска, првично, како и многумина, била против прифаќањето на францускиот предлог, односно против отстапките што треба да се направат, а со кој всушност се отворија вратите за почнување на преговорите на државава со Европската унија.
„Таа ми кажа дека е против договорот, а јас и реков дека нема да и се мешам во нејзините ставови и размислувања. А таа, меѓу другото беше против и бидејќи ги чита реакциите на социјалната мрежа фејсбук, каде околу 80 отсто од граѓаните се изјаснуваа дека не им се допаѓа предлогот. Јас оставив таа самата да си изгради став и не влијаев на нејзините расудувања“, објасни Ковачевски.
Но, во текот на вчерашниот ден, како што објасни, дошло до своевидна пресвртница, откако Тамара ги прочитала сите позитивни коментари по одржување на Првата Меѓувладина конференција.
„Самата се јави да ми се извини и да ми каже дека претходно не била во право“, рече Ковачевски, а на прашањето врз основа на што го сменила својот став, тој рече дека тоа следувало откако внимателно ги прочитала сите позитивни извештаи и реакции за вчерашниот старт на преговорите, односно важноста на вчерашниот настан за земјава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…