Гостиварец го оштетил буџетот на РМ за над 6 милиони денари
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 68-годишниот Х.С. од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“, извести МВР.
Во текот на 2023 година, при извршени проверки на правно лице – сопственост на пријавениот, било констатирано дека трансакциската сметка била претходно блокирана поради неплатен ДДВ, а пријавениот во повеќе наврати во текот на минатата и тековната година примал парични средства на трансакциска сметка од друго правно лице, исто така, во негова сопственост, со што го оштетил буџетот на РМ за износ од 6.186.050 денари, соопшти МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
Владата го усвои ребалнсот, поточно дополнетиот предлог…
Нема „Мој ДДВ“ додека не се изгласа…
Додека не се изгласа ребалансот на Буџетот,…
Тешко повреден гостиварец, со моторот излетал од…
Вчера (24 март) во 13 часот и…
Бајден го потпиша договорот за буџетот: 1200…
Американскиот претседател Џо Бајден денеска потпиша предлог-закон…
Гостиварец платил 1.600 евра за да добие…
Педесет и едногодишен жител на гостиварско село,…