ГОТВАЧОТ НА ПУТИН ПРИЗНА: Се мешав и ќе се мешам во изборите во САД

t

Се вмешавме (во изборите во САД), се мешаме и ќе продолжиме да се мешаме. Внимателно, точно, хируршки и на наш сопствен начин, како што знаеме да правиме, пишува во коментарот кој го објави прес-службата на угостителската фирма „Конкорд“ на Пригожин.

Рускиот бизнисмен Евгениј Пригожин, главен финансиер на групата „Вагнер“, во понеделникот изјави дека се мешал во американските избори и дека ќе продолжи да го прави тоа во иднина, што е прво такво признание од личност од Русија, пишува Ројтерс. Претходно Вашингтон долго време ја обвинуваше Путиновата власт за мешање на изборите во 2016 година кога победи Доналд Трамп.

Дали Пригожин ја кажува вистината? Неговата забелешка тој ја објави во пресрет на среднорочните избори во САД како одговор на барањето за коментар од руски сајт за вести.

„Се вмешавме (во изборите во САД), се мешаме и ќе продолжиме да се мешаме. Внимателно, точно, хируршки и на наш сопствен начин, како што знаеме да правиме“, пишува во коментарот кој го објави прес-службата на неговата угостителска фирма „Конкорд“.

„За време на нашите прецизни операции, ќе ги отстраниме и бубрезите и црниот дроб одеднаш“, се додава.

Пригожин не даде детали за криптичниот коментар кој се појави на социјалната мрежа ВКонтакте, руски пандан на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…