Гоце Наумовски избран за нов уставен судија

t

Професорот од Правниот факултет Гоце Наумовски кој му беше советник на премиерот Христијан Мицкоски на собраниска седница со 63 гласа „за“ е избран за нов судија на Уставниот суд. Против беа седум, а немаше воздржани.

Наумовски се најде на списокот на советници на Владата кој беше објавен во јануари минатата година, а како што пишуваше, тој го советувал премиерот за прашања од областа на правото.

Тој е редовен професор на катедрата Римско право и предава неколку предмети, Римско право, Право и информатичка технологија, Право на трговски марки и географски називи; Патентно право, Спортско право, Реторика, Интелектуална сопственост, Правна реторика и аргументација.

Тој треба да дојде на местото на судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која во декември поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд. Оставката, како што информираат од Уставниот суд, е поднесена поради здравствени и лични причини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Фудбалски судија со лакт удри фудбалер…

Премиерлигашите Ливерпул и Арсенал приредија вистински фудбалски…

Признаваат дека има корупција и притисоци: Судиите…

Здружението на судии го поздравува Извештајот на…

Судиите, обвинителите и затворската полиција ќе добијат…

Со Законите за изменување на законот за…

Жална вест: Судија претепан до смрт поради…

Во Ел Салвадор се случила трагедија каква…

Европскиот суд ја прифати жалбата на разрешената…

Европскиот суд за човекови права ја прифати…