ГО ЗАСТРЕЛАЛ ОД МОТОР ВО МАФИЈАШКИ СТИЛ И ПОБЕГНАЛ! Продолжуваат пресметките меѓу Кавачки и Шкаљарски клан во Црна Гора
Припадник на црногорска организирана криминална група е убиен во вторник наутро во црногорскиот пристанишен град Бар, по што полицијата го блокира градот и интензивно трага по еден или повеќе сторители.
Според црногорските медиуми, Едмонд Мустафа бил убиен во мафијашка ликвидација, а убиецот избегал со мотоцикл. Црногорската полиција тврди дека привела едно лице кое, според медиумите, е блиско до криминалниот Шкаљарски клан, а кое, како што е соопштено, може да биде поврзано со убиството на Мустафа.
Поради убиството на Мустафа, во Бар е уапсен извесен Дино Ибрахимовиќ, дознава телевизискиот канал Телевизија Е. Инаку, полицијата трагала по Ибрахимовиќ поради убиство на Шчепан Рогановиќ, исто така, доведуван во врска со криминалното милје во Црна Гора и во регионот.
Медиумите во Подгорица потсетуваат дека убиениот Едмонд Мустафа веќе ѝ бил познат на црногорската јавност, кога на социјална мрежа под лажно име објавил дека знае поединости за подготвените и извршени ликвидации во Црна Гора. Тој тогаш, како што пренесува црногорскиот портал Стандард, пред Специјалното државно обвинителство покажал подготвеност да ги открие имињата на нарачателот и извршителот на дури 11 ликвидации во Црна Гора.
Исто така, на крајот на минатата година се појавија информации дека Мустафа бил киднапиран и измачуван од полицајци, но тој ги демантираше овие наводи.
Во војната меѓу црногорските криминални кланови, Кавачки и Шкалјарски, именувани по две села, која трае од 2014 година, убиени се повеќе од 50 лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес ја погоди Албанија
Силен земјотрес ја погоди Албанија вечерва, јави…
Светот може да здивне: Иран официјално објави…
Денес, во порака до нацијата, претседателот на…
Томовски: Претходната влада трошеше недомаќински
Директорот на Службата за општи и заеднички…
Нетанјаху: Остваривме историска победа, му благодарам на…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата…
Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…