Го натепале затоа што им рекол дека ќе изгубат на избори – МВР го потврди насилството во Струмица

t

МВР го потврди настанот со претепаното лице во Струмица.

– На 23.09.2025 во 04.00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода К.Ј.(45) од село Просениково, струмичко. Тој околу 02.00 часот во село Просениково физички го нападнал К.С.(39) од истото село и му нанел тешка телесна повреда. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против К.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава. – велат од СВР Струмица.

Според информациите на Инфомакс, лице блиско до владејачка партија го нападнал К.С поради вербална расправија токму на тема партија и изборни резултати. Неофицијално, повредениот има пет скршени ребра и повреди во пределот на лицето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Го натепале затоа што им рекол дека…

МВР го потврди настанот со претепаното лице…

Уапсен струмичанец, подметнал пожар на нива

Приведено лице од струмичко кое подметнало пожар…

Им ја плативме кампањата? Мицкоски троши МИЛИОН…

Генералниот секретаријат на Владата троши речиси МИЛИОН…

Драма во Струмица: Пијан возач удираше со…

Пијан возач удираше со автомобилот во станбен…

Агресивен зет со тврд и остар предмет…

Синоќа во Штип, полициски службеници го привеле…