Го освојуваме Солун? Повторно хаос на граничните премини со Грција
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Се бележи зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце за влез и на Богородица за излез од државата, времето е на чекање е околу 30 минути. Состојбата на граничните премини „во живо“ може да ја следите на следниот линк. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.