Го пријавив во полиција, проба да ме згази: Професорката Андовска раскажува што и се случило

t

Композиторката и професорка на факултетот за музичка уметност, Дарија Андовска, сподели морничаво сведоштво на фејсбук, кое го пренесуваме во целост:

„Ете, една дождлива вечер во 2016, возиме накај дома. После железничка, пред Т.Ц. Скопјанка има пешачки. Застануваме да пројдат пешаците.
Југо со неверојатна брзина удира во нас отпозади, додека стоиме пред пешачкиот премин.
Прво шок.
Среќа, никој не е повреден.
Излегуваме од кола, југото заминува понатаму. Го сликам, му ја сликам регистрацијата.
Сликам што е искршено и каде е, па викам полиција.
Во меѓувреме, југото со голема брзина се враќа рикверц (!!!) по булевар до нас (изгледа му јавиле пријателите, понатаму ќе биде појасно).
Паркира позади нас и излегува да се расправа.
Јас стојам на тротоар. Влегува во кола (откако ме испцу) и се качува возејќи на тротоар, во обид да ме згази. После вози право кон колата, каде Слободан е клекнат и свртен со грб – за малку не го смачка (оти тоа му беше намерата), а јас вриштев да се тргне.
Повторно замина југото.
После саат и кусур стигна полиција.
Бараа да се потпише нешто и да си заминеме. Одбивме. Дојдоа сведоци отспротива да кажат дека ние сме криви (!!!!). Лажеа.
Се врати и тој со југото. После 2 и пол часа му измерија над 4 промили алкохол во крвта.
А “сведоците” – полицајци, замислете.
Среќа никој не загина, а можеше и пешаците и ние да загинеме од лик кој го бранеа полицајци.
Патем, отпосле Слободан рече дека го видел југото и морал во моментот да одлучи дали да ризикува да ги згази пешаците, за да се тргне или да го остави да удри во нас. Ете.
Ниту е некој повикан на суд до сега, ниту има пресуда – далеку од тоа.
Толку.“ – Напиша Андовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ започна истрага против МЕТА: „Фејсбук и…

Европската унија започна истрага против Мета, сопственикот…

Повторно падна Фејсбук…

Апликациите на МЕТА повторно се соочуваат со…

Првични информации: Зошто падна Фејсбук?

Оштетени подморски кабли во Црвеното море се…

Се врати Фејсбук: Останатите платформи сè уште…

Фејсбук успеа да ги врати своите услуги…

Маск се мајтапи со Фејсбук: Ако го…

Ако го читате овој пост тоа е…