Го фатиле со дрога: Во Брвеница уапсен син на виш инспектор за наркотици

t

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 04.09.2025 година, во 02:05 часот, во близина на раскрсницата во Брвеница, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај – Тетово, ги лишиле од слобода И.С. (23) и Н.С. (28), двајцата од Брвеница, пишува Portalb.mk.

„При преглед на возилото „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал И.С., додека Н.С. бил сопатник, пронајдени се околу 100 грама кокаин, дигитална вага и пари. Лицата се приведени во полициската станица и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, соопшти МВР.

Portalb.mk дознава дека еден од уапсените е син на вишиот инспектор за борба против дрога во Тетово, Орце Смилевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Го фатиле со дрога: Во Брвеница уапсен…

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на…

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување…

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани…

Експертите за случајот “Пулс”: Ќе биде тешко…

Правниците по одобрувањето на обвинението за пожарот…

(Видео) ХАОС пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ во…

Хаос се случувал денеска пред штабот на…