ГРАБНАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА СО КОЈА БИЛ ВО ЉУБОВНА ВРСКА: Полицијата го уапси по пријава за грабнување доставена од мајка ѝ
Малолетна стружанка заминала од дома со нејзиниот постар љубовник од Гостивар, а потоа ѝ соопштила на мајка си по телефон. Мајката пријавила дека девојчето е грабнато па полицијата го уапси 31-годишниот гостиварец.
МВР соопшти дека вчера во Гостивар е уапсен С.А.(31) од с.Трново, гостиварско, по пријава во ОВР Струга, според која претходниот ден со патничко возило тој одвел малолетничка од дворот на нејзината семејна куќа во струшко село. Малолетничката подоцна телефонски ѝ соопштила на мајка си дека е во домот на момчето со кое е во љубовна врска – информира МВР.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Костадинов до ДПМНЕ: ВМРО не е ваша…
Не е проблем што ВМРО-ДПМНЕ не разбираат…
Се намалува инфлацијата во Еврозоната
Годишната стапка на инфлација во еврозоната изнесуваше…
Трамп му постави „последен ултиматум“ на Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека вчера…
Грција во иднина би можела да се…
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска навести дека…
(Документи) Кој ја направи саботажата во РЕК…
Плаќаат 150 МИЛИОНИ денари за технолошко чистење…