Градоначалникот на Бања Лука ќе се бори со истата казино-мафија како во Македонија

t

Борбата против „казино-олигарските“ почнува и во Босна и Херцеговина. Станивуковиќ „препишува“ од Македонија, предлага Закон за игри на среќа идентичен како македонскиот.

Со 55 гласови „За “ од вкупно 61 пратеник присутен во собраниската сала на 07 февруари беше изгласан законот за игри на среќа и за забавните игри предложен од македонската Влада со европско знаменце.

Ниту еден пратеник не гласаше против донесувањето на овој закон, само пратеникот од СДСМ Коле Чаракчиев гласал воздржано, покажуваат бројките од собраниските служби.

Со овој закон се предвидува објектите за игри на среќа да бидат оддалечени не помалку од 500 метри од основните и средните училишта, со цел, како што се вели во објаснувањето на законот, заштита на младата популација од лоши и несоодветни навики за нивната возраст.

„Начинот на мерење на оддалеченоста ќе се утврди со правилник пропишан од министерот за финансии, а ќе се воведе и надзорен информациски систем за приредувачите на електронските и интернет игри на среќа, како и ќе се зголеми месечниот надоместок за лотариските и електронските игри на среќа“, пишува во законот кој што беше изгласан.

Ист ваков закон предлага и градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ кој во објава на социјалните мрежи најави дека ќе предложи Собранието на Република Српска да донесе ваков закон, а додека трае процесот на донесување, ќе предложи Советот на Бања Лука да донесе одлука за сите обложувалници, казина и објекти од сличен вид кои се на 500 метри од училиштата и градинките да плаќаат такса од 25.000 конвертибилни марки, што е речиси 786.000 денари.

Борбата која ја води Станивуковиќ е против истата „екипа“ која царува и во Македонија. Се работи за луѓе блиски до претседателот на Република Српска, Милорад Додик, односно компанијата „Казино Австрија“ која има огромен број казина низ целиот Балкан.

Претходно, уредникот на Инфомакс, Алекандар Митовски, во „Тешки муабети“ истакна дека има сериозни информации за тоа какви понуди добивал Мицкоски од директорот на Казино Австрија во Македонија, со цел штитење на нивната монополска позиција на пазарот во Македонија. Дополнително, таткото на сопругата на Тимчо Муцунски, градоначалникот на Аеродром и потпретседател на партијата ВМРО-ДПМНЕ е правен застапник на Казино Австрија, што е уште една поврзаност меѓу врвот на ВМРО-ДПМНЕ и оваа компанија која тие до крај ја бранеа во Собрание, а потоа не гласаа против законот.

Додека во соседството предлагаат закон идентичен како македонскиот, во Република Македонија, претседателот Стево Пендаровски одби да го потпише указот за прогласување на Законот. Пендаровски го образложи блокирањето на Законот со злоупотреба на европското знаменце, односно не ја доведе во прашање неговата соодржина. Едноставно, одлучил да не го потпише Законот поради тоа што било злоупотребено европското знаменце, иако ист ваков третман немаа сите други закони за кои се посочуваше дека има злоупотреба на европското знаменце.

Својата разочараност од постапката на Пендаровски преку писмо до претседателот ја искажаа од Движењето Антикоцкање, кое со години се залага за дислокација на објектите на игри на среќа.

– „Со вашата постапка, наводна злоупотреба на европското знаме, го легализиравте перењето на валкани пари и во име на европските стандарди го штитите сомнителниот капитал, кој ја задушува нашата држава“- Движење Антикоцкање. 

Законот е блокиран, а во јавноста останува дилемата дали по ВМРО-ДПМНЕ, сега и претседателот Пендаровски од некоја причина ги штити ликовите кои претходно ги споменавме и монополската позиција на Казино Австрија додека цел Балкан тргнува против овој порок?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…

Во Радуша никнува нов парк, но не…

Муцунски ќе одлучува дали членовите на Антикорупциска…

Членовите на Државната комисија за спречување корупција…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…