Градоначалникот на Истанбул се огласи од затвор: Стојам исправено и нема да потклекнам

Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу изјави дека нема да потклекне откако судот одлучи да го задржи во притвор до судењето за обвиненијата за корупција.
– Ние, рака под рака, ќе го поништиме овој удар, оваа црна дамка врз нашата демократија. Стојам исправено и нема да потклекнам, објави Имамоглу на мрежата „Х“.
Градоначалникот исто така се соочува со обвиненија за тероризам.
-Иако постои силно сомневање дека помагал на вооружена терористичка организација, бидејќи веќе е одлучено дека ќе биде уапсен за финансиски криминал, апсењето за тероризам во оваа фаза не се смета за неопходно, соопшти судот.
Имамоглу, потенцијален противник на претседателот Реџеп Таип Ердоган на следните претседателски избори, беше уапсен на почетокот на оваа недела, а масовни протести беа одржани во повеќе од 10 турски градови, вклучувајќи ги Истанбул и Анкара, пишува Срна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Градоначалникот на Истанбул се огласи од затвор:…
Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу изјави дека…
Турскиот суд му одреди притвор на градоначалникот…
Турскиот суд нареди градоначалникот на Истанбул Екрем…
Во Турција уапсени 37 лица поради објави…
Триеесет и седум лица се приведени во…
Во Истанбул во 2025 година ќе се…
Центар за трговија со гас ќе биде…
Турската полиција спречи терористички напад во Истанбул
Турската полиција денеска уапси припадник на таканаречената…