Градоначалникот на Мариупол загрижен: Изгубивме контакт со војниците во “Азовстал”
Градоначалникот на Мариупол Вадим Бојченко изјави дека се водат тешки борби во челичарницата Азовстал, „каде што украинските сили го бранат својот последен џеб на контрола во градот“.
Бојченко за украинската телевизија информира дека е изгубен контактот со борците внатре во Азовстал.
Околу 100 цивили беа евакуирани од челичарницата во последниве денови, но се смета дека стотици цивили, меѓу кои и повеќе од 30 деца, сè уште се внатре.
Висок советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави за Би-Би-Си дека Русите „почнале бура“ во челичарницата.
Кремљ, пак, негираше дека Русија го напаѓа индустрискиот комплекс.
„Нема бура“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков и додаде дека има „ескалации“ кога Украинците заземаат напаѓачки позиции. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Француски политичар: Армијата да ја одбие наредбата…
Лидерот на француската партија „Патриоти“ и кандидат…
Неколку израелски војници се повредени по напад…
Неколку израелски војници се повредени по напад…
Германија испраќа уште војници на Косово
Германија на пролет следната година на Косово…
Зеленски од Турција се врати со пет…
Петмина украински воени команданти кои беа заробени…
Мариупол ќе биде целосно обновен за три…
Во тек е 474-от ден од специјалната…