Градоначалникот на Рим: Заедно да славиме во 2030 година, РИМ за ЕКСПО, Македонија за членство во ЕУ

t

Мојот сон е дека во 2030 ќе можеме заедно да прославиме, Рим за ЕКСОП 2030, а Македонија како членка на ЕУ, затоа да работиме заедно за да ги постигнеме овие цели, порача денеска римскиот градоначалник, Роберто Гуалтиери на настанот во Скопје организиран од Италијанската Амбасада и Делегацијата на ЕУ, на која беше презентирана кандидатурата на Рим за ЕКСПО 2030 година.

Гаултиери посетата на Скопје ја оцени како одлична, напоменувајќи дека имал повеќе средби на кои се говорело за римскиот проект за ЕКСПО 2030, но станало збор и за преземање конкретни чекори за соработката помеѓу Рим и Скопје, но и меѓу Италија и Македонија.

-Потпишавме Меморандум за разбирање, договор за соработка помеѓу Рим и Скопје во повеќе полиња – култура, бизнис, административна соработка затоа што мислам дека денес се соочуваме со истите предизвици и имаме многу да си кажеме, и мислам дека има огромен потенцијал кога станува збор за туристичката размена и економската соработка помеѓу Италија и Македонија, помеѓу Рим и Скопје, рече тој.

Нагласи дека планираат да организираат саем кој ќе биде поразличен од досегашните, кој ќе биде целосно одржлив и на кој сите држави би добиле еднаква видливост, и малите и големите.

-Би сакале да организираме саем која гледа кон иднината, која ќе остане. Ние ќе ја поддржиме изградбата на павилјоните на различни држави, вклучително и Македонија, со цел нивното присуство на саемот да остане и во иднина, додаде римскиот градоначалник.

Гаултиери нагласи дека саемот ќе биде посветен на темата – луѓето и териториите, односно како таа врска се менувала низ времето.

-Се соочуваме со огромни последици – климатските промени, енергетската транзиција, иновација, дигитална револуција, вештачка интелигенција и потребата за посилна општествена кохезија, и сите овие нешта конкретно се случуваат во градовите. Па, градовите мора да се преосмислат и да станат лаборатории за овие нови идеи. Така нашиот саем ќе биде за оваа тема, но исто така тоа ќе биде и пример за како тоа да го реализираме. Ова ќе биде саем со нула емисии на јаглерод, целосно одржлив и цела енергија ќе ја добива од соларни панели, ќе биде саем многу поинтегриран со природата, со урбано пошумување, рече тој.

Гаултиери додаде и дека саемот ќе ги промовира заедничките европски вредности – граѓанските права, родовата еднаквост, слободата на изразувањето, почит за сите религии, кон малцинствата, почит за работничките права.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…

Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…

ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…

По упатеното барање за помош од Македонија,…

Ова се најзадолжените држави во ЕУ!

Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…

ЕУ ќе ѝ префрли на Украина 1,5…

ЕУ ќе и префрли на Украина 1,5…