Градоначалникот на Цетиње бара оставки од врвот на полицијата поради масовното убиство во градот
Градоначалникот на Цетиње Никола Ѓурашковиќ иницира одржување на итна седница на градското собрание поради трагедијата што се случи на 1 јануари годинава, во која беа убиени 12 лица, а четворица се тешко повредени, пренесува српска Политика.
Се очекува да предложи оставка на политичкото раководство на безбедносниот сектор, како чин на преземање објективна одговорност.
Според него, Цетиње по втор пат во период од две и пол години се соочува со ваква трагедија, па затоа смета дека полицијата и целиот безбедносен сектор уште еднаш постапиле несоодветно.
Најави дека на седницата ќе побара спроведување на независна меѓународна форензичка истрага која опфаќа реконструкција на настаните за да се утврди евентуална лична одговорност и конкретни пропусти во работата на безбедносниот сектор.
Ќе побара и формирање на Центар за безбедност во Цетиње, како и зајакнување на кадровските и техничките капацитети, зголемување на бројот на полицајци и воведување на маалски полицајци согласно стандардите на Европската Унија.
Додаде дека ќе побара воспоставување на модерен систем за видео надзор на територијата на целиот град, како и формирање специјални оперативни тимови на ниво на здравствени, социјални и градски институции и полицијата, чија задача ќе биде да го препознаат девијантното однесување на граѓаните.
Ацо Мартиновиќ на 1 јануари во Цетиње уби 12 лица, меѓу кои и две деца. Откако беше лоциран и опколен од полицијата, тој си пукал во главата со цел д аизврши самоубиство. Почина на пат кон болница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јаневска: Над 13.200 пријави за упис во средно…
Министерката за образование, Весна Јаневска на својот…
Во мај пријавени се три случаи потврдени…
Во текот на мај, во државава пријавени…
Почина новинарот Владимир Лапе
По кратко боледување денеска почина Владимир Лапе,…
Чешка и Словачка евакуираа 139 лица од…
Чешка и Словачка вратија 139 лица дома…
Пијан скопјанец со тупаници ја удирал и…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…