Градоначалникот не е повреден: Полициски хеликоптер надлетува кај Арачиново, први детали по пукањето…
Полициски хеликоптер е вклучен во потрагата по лицата и автомобилите од кои беше пукано на пладне кон лицата на градоначалникот на општина Арачиново Ридван Ибрахим.
Инфомакс објави е, дека едно лице е тешко повредено и итно префлен на скопските клиники каде во тек е операционен зафат.
Од куршумите се ранети уште две лица, додека се наведува дека има и едно лице загинато. Но овие информации во моментов не може да се потврдат.
Од Клиниката потврдуваат дека во Ургентниот центар е донесено лице од Арачиново во сериозна здравствена состојба поради прострелна рана во градите, која налага итна хируршка операција.
– Го внесуваме во сала. Има прострелни рани на градниот кош. Станува збор за момче на околу 30-годишна возраст. Раните се за итна операција, поради што веќе влегуваме во сала – изјави за Телма Неџати Јакупи, директор на Клиниката за Торакална хирургија во скопскиот Клинички Центар.
Инцидентот се случил денеска попладне. Во напад со автоматска пушка врз градоначалникот на Арачиново застрелано е лице од негово обезбедување. Лажна вест е дека е повреден градоначалникот на Арачиново како што објавија неколку медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Војници повредени при гаснење пожар во тетовската…
Двајца припадници на Армијата се повредни по…
Трамп му се потсмева на Путин: Реши…
Американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека…
Лефков: 2 милиони денари за споменик за…
Пратеникот Миле Лефков објави дека се одобрени…
Иран истрела 400 балистички ракети, но околу…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека…
Инцидентот со ножеви во Чаир настанал поради…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…