Градоначалникот Ѓорѓиевски обезбеди празничен ручек за 350 социјално загрозени лица

t

350 хуманитарни оброци донираше денес градоначалникот на Општина Кисела Вода за социјално загрозените лица. На бездомниците, на децата од улица, на лицата во домовите, им беа доставени пакети со оброк кои, барем малку ќе им го разубават денешниот празничен ден. Градоначалникот Ѓорѓиевски, обезбеди донација и за лицата кои имаат потреба од помош од храна во народната кујна во Св. Спас во Драчево. Тука, заедно со нив и со отецот Оливер, се дружеа и заедно го изедоа празничниот ручек.

-Дарувањето на еден ваков голем и убав христијански празник ги потенцира човечките доблести – солидарноста, хуманоста и грижливоста. Да се дарува, значи искрено и од срце да се помогне онаму каде што е најпотребно. Токму затоа, денес обезбедивме 350 оброци за социјално загрозените од општина Кисела Вода. Се потрудив, на дел од нив, лично да ги доставам, со цел со овие лица малку да се подружиме и овој празничен ден да им го направам поисполнет и поразличен од другите. Сакам да се заблагодарам на општинската организација на Црвениот Крст, на Хуманитарни акции-Скопје, како и на отецот Оливер и хуманитарната организација Св. Спас, кои ни се силна поддршка во оваа хумана мисија. Токму во Св. Спас во Драчево, со празничен ручек заедно со сите лица кои ја посетуваат народната кујна, го заокруживме денешниот ден. На средбата, ги информирав и дека е во тек тендерската постапка со која ќе им обезбедиме огревно дрво, кое ќе им помогне полесно да ги пребродат студените денови и дека активно ќе работам да се подигне стандардот во општината за да го намалиме бројот на луѓе кои ќе зависат од нечија помош.

Воедно, на сите кои денес празнуваат, сакам да им ја честитам православната Нова Година! За многу години- изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Светлана Колариќ нов Претседател на Советот на…

Општина Кисела Вода доби нов Претседател на…

Одлична вест: Водата за пиење во Скопје…

Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки…

Дел од населбата 11 Октомври без вода

 Дел од корисниците од населбата 11 Октомври…

Хрватскиот министер за здравство по појавата на…

Откако едно лице претходно било хоспитализирано во…

Поради дефект без вода Драчево, Долно Лисиче,…

Регионалниот центар за управување со кризи на…