Градоначалник поставен од Москва соопшти дека нуклеарката Запорожје почнала да работи по руски стандарди
Нуклеарната централа во Запорожје, која се наоѓа во областа Енергодар, почна да работи според руски стандарди, изјави градоначалникот Александар Волга, поставен од Москва по окупацијата на украински територии.
Тој изјави дека нуклеарната централа почнала да работи според руски стандарди бидејќи нејзиниот нов оператор е назначен врз основа на указот на рускиот претседател Владимир Путин, пренесува ТАСС.
Волга изјави дека нуклеарната централа Запорожје станала дел од руската компанија „Росенергоатом“ и е под јурисдикција на Руската Федерација.
– Платите на вработените во нуклеарната централа во иднина ќе ги исплаќа Русија, а досега тоа го правеше украинскиот оператор „Енергоатом, соопшти Волга.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…