Градот Газа ќе биде срамнет со земја, ако Хамас не се согласи на крај на војната по наши услови, порача израелскиот министер за одрбана
Израелски тенкови и авиони ноќеска извршија напади врз источниот и северниот дел на градот Газа. Израелските лидери изјавија дека продолжуваат со планираната офанзива врз градот. Израелската армија потврди дека нејзините единици се вратиле во борбите во областа Џабалија за да ги уништат тунелите на Хамас и да ја зајакнат контролата во областа.
Операцијата, според армијата, „овозможува проширување на борбената зона во дополнителни области и ги спречува терористите на Хамас да се вратат да дејствуваат во областа.
Израел овој месец одобри план за преземање на контрола врз она што го нарекува „последно упориште“ на Хамас во градот Газа. Министерот за одбрана Израел Кац изјави дека градот ќе биде срамнет со земја, доколку Хамас не се согласи да ја заврши војната според условите на Израел и да ги ослободи сите заложници што ги држи во заложништво 688 дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Градот Газа ќе биде срамнет со земја,…
Израелски тенкови и авиони ноќеска извршија напади…
Муцунски заминува за Брисел: Ќе се сретне…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…
Светна кулата на Водно, ќе има ресторан…
Светна кулата на Водно и наскоро ќе…
Се гледа дека вежбаат: Ѓеорѓиевски и Тошковски…
Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓеорѓиевски,…
Гореа автобуси, минибус, камион, неколку автомобили во…
На 23.08.2025 во 23.51 часот во СВР…