Град Скопје во соработка со Општина Кисела Вода целосно ја реконструира ул. „Славка Динкова“ во Драчево
Повеќедеценискиот проблем на жителите на населбата Драчево заминува во историјата. Целосно ќе се реконструира улицата „Славка Динкова“, една од главните артерии во населбата која ги поврзува помалите собирни улици во Драчево со магистралната улица „Јустинијан Први“.

Комплетно ќе се реконструира коловозот во должина од речиси еден километар, кој е во крајно лоша состојба, со видливи оштетувања, нерамнини и огромни дупки, а со изградбата на атмосферска канализација, ќе се надмине и долгогодишниот проблемот со поплавување, кој редовно настанува при пообилни врнежи. Дополнително, проектот опфаќа и поставување на ново улично осветлување.

Ова предизборно ветување на двајцата градоначалници, и на Орце Ѓорѓиевски и на Данела Арсовска, ќе се реализира како меѓуопштинска соработка во која Градот Скопје целосно ќе ја финансира реконструкцијата, додека Општина Кисела Вода учествува во проектот со изработка на техничка документација.

Се работи за градежен зафат вреден околу 50.500.000 денари и истиот во текот на вчерашниот ден беше поддржан од Советот на Град Скопје.

Воедно, Град Скопје продолжува со големите инфраструктурни зафати на територија на општина Кисела Вода, пред се’, доизградбата на булеварот Борис Трајковски кон Драчево, како главна артерија која ќе го намали метежот, ќе ја зголеми безбедноста и ќе го олесни сообраќајот за преку 70 000 лица од Кисела Вода, Драчево, Пинтија, Лисиче, Студеничани и околните населени места кои секојдневно ја користат оваа делница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Би-би-си“: Новата шефица на МИ6 е внука…
МИ6 денес се обиде да ја дистанцира…
Физички напад меѓу вработени во Комплексот клиники…
Нова драма се случи во рамки на…
Трамп повторно би го бомбардирал Иран ако…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави…
Турчин приведен во моментот кога сакал да…
На 26.06.2025 во 17:40 часот на Граничниот…
По пожарот во Делчево: Малолетничка побарала помош…
Денеска (27.06.2025) во 00:19 часот во ОВР…