Град Скопје формира зелен коридор на улицата Лазар Личеноски
Екипи на ЈП Паркови и зеленило работат на хортикултурно уредување и формирање зелен коридор на улицата Лазар Личеноски во непосредна близина на ЈП Водовод и канализација на површина од 310 квадратни метри. Се обработува површината и се нанесува плодна почва, по што ќе се постави систем за наводнување и подигне тревник, информираат од Град Скопје.
Хортикултурно се уредува и јавната површина која се наоѓа на крстосницата меѓу улицата Бутелска и улицата Призренска, спроти црквата Св. Јован. Вкупната површина изнесува околу 790 квадратни метри. Интервенцијата се одвива етапно со отстранување на шутот и прекопување на старата почва, нанесување на квалитетна нова почва, поставување на систем за наводнување, садење вегетација и формирање тревник.
На јавните површини што се уредуваат планирано е засадување зимзелени, листопадни садници и грмушки, а изборот е направен на видови кои покажуваат солидни резултати на дадената површина и функционално се приспособени во просторот, велат во соопштението од Град Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…