Грам злато денес се продава по 116 евра
Злато продолжува да бележи силен раст и една унца (31,1 г) неодамна достигна вредности меѓу 3.612 евра и 3.623 3 евра, што претставува ново рекордно ниво за 2025. Грам се продава по 116 евра. Главните причини за ваквиот скок се повеќекратни, и меѓусебно поврзани. Прво е економска и финансиска неизвесност. Инвеститорите често „бегаат“ кон златото како таканаречено „безбедно засолниште“ кога има економска нестабилност, раст на инфлација, неизвесност на финансиските пазари, или геополитички тензии.
Одлуките на големите централни банки (како Federal Reserve — ФЕД) имаат огромно влијание: ако каматните стапки се ниски златото станува попривлечно. Во услови на очекување дека каматните стапки ќе бидат намалени (или дека ќе останат ниски), златото често добива поттик. Платформите и фондовите кои купуваат злато, како и централните банки т.е. институционалните купувачи ги креваат цените преку зголемена побарувачка. Златото е ретка и тешко обновлива суровина, а рударството, геолошките резерви и логистиката влијаат на понудата што во случаи на зголемена побарувачка дополнително ја турка цената нагоре.
Во Европа кога цената на унца на светските пазари расте тоа има директен ефект врз цената на грамови злато, накит, и инвестициони производи. Иако има дополнителни надоместоци (даноци, премии), генералниот тренд обично го следи растот на светската цена. За инвеститорите: златото често се користи како заштита од инфлација и девалвација, особено во нестабилни времиња. Ако портфолиото веќе содржи акции, обврзници или други ризични средства златото може да ја намали волатилноста.
За обичниот граѓанин зголемената цена значи повисока вредност на приватно злато кое го поседува како накит и плочки, но и повисока цена при купување.
Според анализите ако централните банки продолжат да купуваат, а монетарната политика остане „лабилна“ (ниски каматни стапки), тоа може да го поттикне златото на раст уште повеќе. Но ако економијата закрепне и се стабилизираат финансиските пазари, а инвеститорите се префрлат на акции и обврзници, побарувачката за злато може да опадне, што би ја намалило цената.
Некои прогнози дури предвидуваат дека златото може да продолжи да расте и во 2026-та, особено ако доларот слабее, а инфлациските и финансиските ризици се зголемуваат. Златото не е едноставна инвестиција со фиксна вредност, тоа е сензибилно на многу фактори: глобална економија, политика, доверба, геополитика.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цената на златото руши рекорди
Четири децении, професионалните менаџери на пари можеа…
Земјите од БРИКС поседуваат повеќе од 20…
Повеќе од 20 отсто од светските резерви…
ЗЛАТО, СРЕБРО И БРОНЗА ЗА МАКЕДОНКИТЕ: Илина…
Илина и Ева Соколовски го развејаа македонското…
Земјите складираат злато
Над 40 тони од благородниот метал беа…
Цената на златото достигна историски највисоко ниво
Цените се зголемуваат во услови на геополитички…