Објавено на:

Граничарска пресметка на границата на Киргистан и Таџикистан

t

На границата на Киргистан и Таџикистан имаше пресметка помеѓу граничарите и има повредени на двете страни, соопштија денеска киргистанските власти.

„Пукањето заврши во 14:15 часот на 3 јуни 2022 година, со ранети од двете страни“, соопшти киргистанскиот Национален совет за безбедност.

„Игнорирајќи ги законските барања за напуштање на територијата на Киргистанската Република, таџикистанските граничари отворија оган врз киргистанскиот воен персонал“, се наведува во соопштението и се додава дека „таџикистанската страна користела гранати“.

Таџикистан се уште не се огласи за инцидентот.

Двете земји редовно се судираат во пограничната област поради снабдувањето со вода и територија, а често се вклучени и граничарите.

Речиси половина од 970-те километри на границата меѓу двете земји се доведени во прашање, а напредокот во разграничувањето е бавен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Таџикистан приведени девет лица за поврзаност…

Девет жители на предградие на Душанбе се…

Таџикистанскиот претседател со порака до Путин: Терористите…

Таџикистанскиот претседател Емомали Рахман во телефонски разговор…

Османи ќе ги посети Киргистан и Туркменистан

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни…

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС во Киргистан

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според…

Драма во студентски дом во Тетово: Лице…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.А.М.(19)…