Објавено на:

Гратчето со 5.000 жители по вторпат во историјата има – шампион на Македонија!

t

Македонска Каменица е мало гратче во источниот дел од нашата држава со едвај 5.000 жители, но вторпат во историјата може да се пофали дека има шампионски тим, откако до титулата во женска конкуренција дојдоа кошаркарките на Баскет Кам.

Тие вечерва, третпат по ред, го совладаа големиот конкурент Бадел 1862 (68-59), овој пат на теренот на противничките и без пораз дојдоа до посакуваниот трофеј. Составот од скопска Кисела Вода имаше шанса да се избори за четврти дуел, со оглед што водеше со 33-20, но како да застана во тие моменти, што искусните гостинки го искористија и казнија. Најзаслужна за тоа беше Елена Тасевска, која вечерва уфрли 22 поени со пет тројки и заслужено го доби признанието за најкорисна кошаркарка на финалето.

Баскет Кам претходните два меча на домашен терен ги добија со 71-38, односно со 62-53, па по едногодишна пауза пак се искачија на највисокото место на пиедесталот во македонската женска кошарка.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОВТОРНО Е ИСКРШЕНА СПОМЕН-ПЛОЧАТА НА КАРПАЛАК!

Вчера се навршија 23 години од масакрот…

Приведен лихвар од Гостивар

На 08.08.2024 во 23.40 часот во Гостивар,…

Н1: ПУКАЊЕ на границата меѓу Србија и…

Во петокот рано наутро дошло до пукање…

Путин ќе ги смирува Туpција и Сиpија:…

Организирањето на средба меѓу претседателите на Турција…