Графити со говор на омраза врз градскиот симбол на кејот во Гостивар

t

Непознати лица испишале текст на албански јазик со навреди и го ишараа монументот кој се наоѓа на кејот во Гостивар. Претходно на срцето беше исцртано македонското знаме и делови од словенската азбука, како чин за одбележување на 24 Мај – денот на писменоста.

Гостиварци од утрово по социјалните мрежи го осудуваат овој чин, објави Медиумската информативна агенција.

– Ова не е постапка со која се отсликува соживотот на гостиварчани, зошто сите ние – Македонци, Албанци, Турци, Роми. Сме растеле заедно, сме се почитувале и сме ги негувале различностите. Ова може да го направи само оној што не израснал со овие вредности, напиша Ема Мешковска, советник во општинскиот совет и еден од иницијаторите да се одбележи денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

Во полиција настанот не е пријавен, а доколку биде, како што наведоа од СВР Тетово, ќе бидат преземени соодветни мерки.

Врз сегмент од бетонскиот монумент во понеделникот, средношколци со дозвола на локалната самоуправа го обои со мотиви на македонското знаме и беа испишани букви од глаголицата и кирилицата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Почина 43-годишник од Гостиварско откако бил каснат…

МВР информира дека синоќа во 21.11 часот…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…