Граѓаните на Бугарија денеска гласаат на седми предвремени избори во последните четири години

t

Бугарските граѓани денеска излегуваат на гласање за седмите предвремени избори во последните четири години, додека ривалските политички партии во земјата се борат да формираат стабилна коалиција, а гласачите стануваат сè поапатични.

Бугарија, најсиромашната членка на Европската Унија и една од нејзините најкорумпирани држави, се бори со ротирачките влади откако антикорупциските протести во 2020 година помогнаа да се собори коалицијата предводена од централнодесничарската партија ГЕРБ, објави Ројтерс.

Последните анкети покажуваат дека најверојатно нема да има јасен победник и очигледни опции за солидна коалиција и на овие избори.

Одѕивот на гласачите, кој се проценува на околу 30 отсто, се очекува да биде најнизок од падот на комунизмот.

Гласањето завршува во 20 часот, а резултатите врз основа на излезните анкети треба да бидат познати во исто време.

Конечните резултати ќе бидат познати неколку дена подоцна.

Доколку не се појави неочекувано политичко партнерство или силен лидер за обединување на коалицијата, повеќето аналитичари предвидуваат дека земјата повторно ќе оди на избори на почетокот на следната година.

„Има длабока криза во политичкиот систем“, вели Огњан Минчев, професор по политички науки на Универзитетот во Софија, пренесува Танјуг.

Ваквата дисфункција е загрижувачка за Бугарија, која има 6,4 милиони жители.

Нејзиното пристапување во ЕУ во 2007 година отвори период на оптимизам обележан со пораст на животниот стандард и брз економски раст.

Сепак, глобалната финансиска криза, пандемијата на коронавирусот и војната во Украина ги намалија странските инвестиции.

На Бугарија сега очајно и треба период на стабилна Влада со цел да го забрза протокот на средства од европските фондови во нејзината прилично слаба инфраструктура и да ја приближи земјата до воведувањето на еврото.

Бугарскиот претседател Румен Радев и даде мандат на ГЕРБ да формира влада по последните избори во јуни, на кои партијата освои најмногу гласови и обезбеди 68 места во 240-члениот парламент.

ГЕРБ, сепак, не успеа да формира мнозинска коалиција.

Мандатот потоа им беше понуден на другите партии, но и тие не успеаја да направат мнозинска коалиција, поради што беа организирани нови избори.

Анкетата што неодамна ја објави агенцијата за истражување на јавното мислење Алфа Рисрч покажа дека ГЕРБ води со 26,5 отсто од гласовите.

Реформистичката партија Продолжуваме со промени (ПП) има 14,9 отсто, а ултранационалистичката проруска партија Препород со 14,2 отсто од гласовите.

Расколот во Движењето за права и слободи (МРФ), кое главно го претставува големото бугарско етничко турско малцинство и имаше солиден избирачки блок на неодамнешните избори, го отежнува формирањето коалиција, велат аналитичарите.

Според Алфа Рисрч, се очекува излезноста да биде меѓу 30 и 32 отсто.

Тоа е помалку од 75 отсто во однос на 1990-тите и околу 50 отсто во однос на само пред три години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Граѓаните на Бугарија денеска гласаат на седми…

Бугарските граѓани денеска излегуваат на гласање за…

За првпат економијата на Бугарија надмина 100…

За првпат економијата на Бугарија надмина 100…

Ѓорѓиев: Средбата на Комисијата за историски прашања…

Средбата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за…

Минималната плата во Бугарија од јануари ќе…

Минималната плата во Русија ќе се зголеми…

Земјотрес во Бугарија

Во близина на Перник и Софија попладнево…