Граѓаните на Македонија и многу други земји ќе плаќаат дополнителни 250 долари за патување во Америка
Туристи, меѓународни студенти и деловни патници би можеле да бидат обврзани да платат такса од 250 долари кога ги посетуваат Соединетите Американски Држави со неимигрантска виза, објави CNN.
Новата одредба се однесува само на посетители од земји на кои им е потребна неимигрантска виза за влез, како што е наведено во „големиот, прекрасен“ закон за трошење потпишан од американскиот претседател Доналд Трамп.
Меѓу тие земји е и Македонија чии граѓани мора да имаат виза за влез во САД.
Посетителите можат да добијат поврат на средствата доколку ги исполнат условите за виза во согласност со законот, додека на оние на кои им е одбиен влез нема да им се наплати оваа такса.
Сепак, одредбата наведува дека надоместокот е задолжителен и не може да се откаже.
Точниот датум на почеток на наплатата на оваа „такса за интегритет на визата“ не е објавен. Почнувајќи од 2026 година, цената од 250 долари би можела да се зголеми во согласност со инфлацијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Граѓаните на Македонија и многу други земји…
Туристи, меѓународни студенти и деловни патници би…
Млади математичари од Македонија донесоа злато и…
Младите математичари од Македонија, Алексиј Тасиќ и…
САД ѝ се 3akaанија на Русија ако…
Инаку, уделот на американската надворешна трговија со…
Трамп заврши на лекар: Портпаролката ги открива…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, бил на…
Зеленски ја назначи Олга Стефанишина за нова…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека Олга…