Граѓаните на протест пред општина Куманово: Бараат поддршка за даночниот спор со УЈП
Поранешните вработени во американските компании во Ирак и Авганистан денеска го изразија својот револт пред зградата на Општина Куманово. Главната причина за протестот е барањето Советот на општината јавно да расправа за нивниот долгогодишен проблем со данокот на плата, точка која и покрај најавите, не се најде на дневен ред на последната седница.
За време на протестот, градоначалникот Максим Димитриевски ги повика претставниците на демонстрантите на средба. Тој нагласи дека протестот е легитимно право, но упати и прашање до присутните за нивните крајни намери.
„Важно е дали суштински сакате да го решите проблемот или сакате да бидете инструмент на одредени политички партии. Јас сум на ваша страна, но морам да го почитувам законот. Советот може само да даде препораки, но нема ингеренции да задолжи повисок државен орган како УЈП да постапи по вашите барања,“ истакна Димитриевски.
Тој потсети дека веќе е понудено посредување за директна средба со директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), доколку тие поднесат официјално писмено барање.
Учесниците на протестот децидно ги отфрлаат обвинувањата за политичка заднина и потенцираат дека нивната борба е исклучиво за правна завршница на случајот. Тие ги наведоа следните клучни аргументи:
Тврдат дека во државата внеле милиони долари, а од спорниот данок, дури 4,8% завршуваат директно во општинската каса.
Нивните колеги од БиХ, Хрватска, Албанија и Косово биле ослободени од вакви давачки врз основа на престој надвор од државата повеќе од 183 дена.
Укажуваат на постоењето на т.н. „СОФА договор“ и посебни овластувања (letter of authorization) кои се признати од МНР и Министерството за одбрана, но не се земаат предвид од даночните власти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Граѓаните на протест пред општина Куманово: Бараат…
Поранешните вработени во американските компании во Ирак…
Двајца малолетници запалиле автобус паркиран во дворот…
Двајца малолетници синоќа во Радовиш со запалка…
За 14 години во Србија речиси 580.000…
Од јануари до декември 2025 година, во…
Златото со нов рекорд, денес се продава…
Златото и денес се тргува со засилен…
Град Скопје преку извршители ќе наплаќа неплатени…
Градот Скопје на 9 декември 2025 година…