Граѓаните ќе имаат можност за проверка на струјомерите, доколку излезе дека е неточен, тогаш плаќа ЕВН

t

Пуштањето на новата лабораторија за проверка на струјомерите во рамките на Бирото за метрологија е за да се даде избор на граѓаните ако се сомневаат дека нивното броило отстапува од предвидените параметри. Ова е ставот на Министерството за енергетика и на Бирото за метрологија од каде пак велат дека немаат информации дека има неточни броила во државава. Од Бирото посочуваат дека и во моментов има акредитирана лабораторија која ја врши оваа проверка., пренесува ТВ21.

Таа е на ЕВН, но е акредитирана од државниот Институт за акредитација, чии претставници еднаш годишно излегуваат на терен засилени со луѓе од Бирото и ја оценуваат оваа лабораторија дали ги исполнува законските критериуми.

„Видете, доколку мерачот излезе дека е во ред, тогаш плаќа тој што доставил барање, во случајов граѓаните, доколку излезе дека е неточен, тогаш плаќа ЕВН.“, вели Седад Рушани, директор на Бирото за метрологија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина му помага на партнерот од БРИКС…

Јужна Африка ја доби првата серија кинески…

Левица: Државната ЕСМ Продажба да ја преземе…

Денови повторно е актуелна темата за законската…

ГИ УДРИЛО СТРУЈА ДОДЕКА ГАСНЕЛЕ ПОЖАР Повредени…

СВР Охрид соопшти дека синоќа околу 23…

Дел од Општина Карпош утре без струја

Во текот на утрешниот ден, без електрична…

(Прирачник) Како да направиш будала од ЕВН…

Вреди да се прослави во кафана откако…