Граѓанка до министерката Кочоска: Дали некогаш сте ја поминале голготата на жените кои се бореле да станат мајки? 23 години ја врвев, смачено ми е од такви како вас!

t

КОГА ДНОТО ИМА ИМЕ

Госпоѓа министерка, не, не е комедијата од Бранислав Нушиќ, туку трагедијата на северната творевина. И од најголемото дно, имало уште поголемо.

Министерке Гордана Димитриеска-Кочоска која сте вие да ги навредувате жените кои немаат деца? Од каде ви е тоа право? Тоа што сте бесчувствителни на туѓите маки и страдања, е ваш проблем, но немате право да не’ навредувате сите нас кои сме воделе животни битки за да станеме мајки и оние кои се’ уште се борат за тоа.

Министерке, дали знаете колкава е болката поради неможноста да станете мајка? Дали некогаш сте ја поминале голготата на жените кои се бореле да станат мајки? 23 години ја врвев таа голгота. Преку глава ми е дојдено од вакви како вас кои ме шиканираа, ме понижуваа, ме навредуваа, ме дискриминираа.

Која сте вие и од каде ви е правото да навредувате друга жена затоа што немала деца? Срам, брука, дно на сите дна.

Министерке, кога вие или било кој доаѓате на функција, не заборавајте дека ве плаќаме НИЕ, НАРОДОТ. Не ве плаќаат само оние кои имаат деца. Не ве плаќаме за да не’ навредувате. Ако не можете да трпите критики, лесно е, едноставно поднесете си ОСТАВКА.

Поминаа многу Марии Антоанети, но ова вашево е најголемото ДНО до сега!

Во пресрет на 8 Март, меѓународниот ден на жената, една жена, платена со парите на народот се дрзна безобразно да дискриминира други жени.

P.S. До функционерите на ДПМНЕ: Престанете да одите и да се фотографирате во црквите и да глумите верници. Еден верник никогаш не би изговорил вакви гнасни зборови. Вие сте лицемери како Фарисеите, се надевам знаете кои се Фарисеите.

ЛИНК од објавата на Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ