Граѓанската платформа „Бугарско лето“ предлага споменик на Васил Левски во Македонија за потиснување на „штетниот македонизам”

t

Бугарската граѓанската платформа „Бугарско лето“ излезе со иницијатива да се изгради споменик на Васил Левски во Македонија, ја пренесува агенцијата Фокус информацијата од Платформата.

Во отворено писмо до институциите и медиумите, „Бугарско лето“ го изразува ставот дека е редно властите на Република Бугарија да ги преземат неопходните активности и да побараат 150-годишнината од смртта на, како што го нареклуваат, апостолот на слободата, да биде одбележана со изградба на споменик на Васил Левски на територијата на РМ.

„На ваквата иницијатива мора да се пристапи не само одлучно, туку и крајно внимателно. Поставувањето споменик на Васил Левски во Република Македонија нужно мора да биде придружено со објаснувачка кампања меѓу граѓаните на РМ. Мора да им биде објаснето каква значајна личност бил Васил Левски, и како, и покрај неговата младост, развил исклучителна државничка визија. Визија во која има „…целосна слобода на нашата земја онаму каде што живее Бугаринот – во Бугарија, Тракија, Македонија…“, велат од „Бугарско лето“.

Како што велат од Платформата, „само така Бугарија ќе може да постигне успех во потиснувањето на штетниот македонизам“.

„И нека биде јасно – тој е штетен не само за нашата земја, туку и за Република Македонија на патот кон Европа по кој тргна“, додаваат оттаму.

Во иницијативата уште велат дека „без сомневање познавањето на делото на Апостолот на слободата многу би помогнало во осознавањето на уште многу македонски Бугари“, повикувајќи се на случајот со Христијан Пендиков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…