Гренел: Вучиќ убедливо победи на изборите во Србија поради политиката на Курти

t

Поранешниот специјален пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за преговорите меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, оцени дека за убедливата победа на СНС на изборите во Србија придонело и тоа што српскиот претседател Александар Вучиќ добро ја менаџираше кризата што беше создадена од косовскиот лидер Албин Курти.

„Слушам многу докази кои тврдат дека независните и пензионерите во Србија на крајот гласале за СНС, затоа што претседателот Вучиќ одлично се однесувал кон косовскиот екстремистички лидер Албин Курти“, се наведува во изјавата на Гренел на платформата Х, пренесена од српските медиуми.

Тој оцени дека во моментот, кога меѓународната заедница универзално го осуди Курти, им се допаднало како „Вучиќ ја менаџира кризата и остана над неа“.

„Се сеќавам дека морав да вршам притисок врз Србија и Косово подеднакво кога Тачи беше претседател. Но, кога Курти дојде на власт, ситуацијата излезе од рамнотежа“, напиша Гренел и посочи дека Курти „создаваше проблеми и неговиот радикализам беше главното прашање за гласачите во Србија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министер за одбрана на БиХ: Вучиќ беше…

Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина…

Вучиќ рано утрово објави важна вест за…

Српскиот претседател Александар Вучиќ рано утринава соопшти…

(ФОТО+ВИДЕО) Вучиќ со пет барања до себе…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на вечерашниот…

(ВИДЕО) Ѓоковиќ им се врати на победите…

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ ја прекина…

Обвинителството во Приштина започна истрага заради техничките…

Основното Обвинителство во Приштина ја овласти косовската…