Грета Тунберг присуствуваше на дискусија за Палестина во Скопје
Грета Тунберг, познатата активистка, вечерва беше дел од јавна дискусија во Социјалниот центар „Дуња’’ посветена на актуелната состојба во Газа, каде населението се соочува со глад и болести заради спречувањето на достава на храна и лекови. Таа ја посетува земјава еден ден откако македонскиот Парламент не даде поддршка за предлог-резолуцијата за хуманитарната ситуација во појасот Газа, со која се бараше Израел да дозволи влез на хуманитарната помош.
Тунберг, која стана позната како борец за заштитата на животната средина, денеска во видео објавено на социјалните мрежи рече дека еколошкиот активизам е поврзан со глобалните мировни движења потенцирајќи дека климата и конфликтите не се одвоени бидејќи зад двете стои насилен систем кој профитира од експлоатација и неправда.
„Она што се случува во Газа е дел од истиот глобален проблем“, истакна Тунберг во своето обраќање на социјалните мрежи.
Таа на денешниот настан не говореше, туку само ја проследи дебатата отстрана. Активистката најави дека утре ќе појде на блокадите против изградбата на мали хидроцентрали на реката Дошница на Кожуф.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грета Тунберг присуствуваше на дискусија за Палестина…
Грета Тунберг, познатата активистка, вечерва беше дел…
Колапс на Ќафасан: 150 возила заглавени во…
Две долги колони од над 150 автомобили…
Мицкоски молчи пред криминалот на ВРЕДИ, а…
„Смешен е Мицкоски кога го обвинува СДСМ…
Трамп со нова наредба: Бездомниците ќе се…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша нова…
Кадиров за малку ќе се удавел на…
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров за малку ќе…