Објавено на:

ГРЕШКА НА СУДИЈАТА придонела за масовното убиство во Босна

t

Во Босна се случи масовно трикратно убиство во кое прво беше убиена невенчаната сопруга на убиецот – Низама Хеќимовиќ која неколку пати го пријавувала нејзиниот невенчан сопруг Нермин Сулејмановиќ (35) за насилство, но Сулејмановиќ дознал за пријавата и наместо да ја заштити, системот и го пратил џелат на врата.

Во медиумите беше објавено решението на Општинскиот суд во Градачац со кое се отфрли предлогот на МУП да му забрани на Нермин да и се приближува на жртвата. Но, како што се гледа во одлуката, судијата наместо името на Сулејмановиќ напишал име на непознат маж, што го наметнува прашањето – дали судијата само го препишал образложението од друг предмет?!

– Од содржината на барањето за изрекување заштитни мерки произлегува дека Мухарем Ќелосмановиќ извршил семејно насилство врз неговата невенчана сопруга, како член на семејството со кое живее, со што го нарушил нивниот семеен мир и телесен интегритет. Сепак, членот на семејството, кој според барањето за изрекување заштитни мерки е означен како жртва на насилство, одбил да сведочи, што судот го утврди со читање на записникот од разговорот на сведокот Низама Хеќимовиќ направен во ПУ Градачац. – се наведува.

Или, за појаснување, судијата донел решение со кое во процесот барање забрана за приближување на сега убиената стои име на друг човек, наместо на пријавениот убиец! Судијата, едноставно, го мрзело да пишува ново решение па ископирал старо за сличен предмет но, заборавил да ги смени имињата на пријавениот насилник.

Мирза Даутбеговиќ, новинар на порталот Bosnainfo.ba, истакнува дека убиената Низама Хеќимовиќ долго време трпела насилство.

-Кога конечно собрала храброст и повикала полиција, направила грешка која ја чинела живот. Наместо полицијата, како што треба да изгледа во нормалните земји, да ги штити Низама и нејзиното дете, се случи нешто сосема спротивно – пишува Даутбеговиќ на порталот Bosnainfo.ba.

Даутбеговиќ потсетува дека Сулејмановиќ неколку пати бил приведен поради тепачки и насилничко однесување, а на социјалните мрежи објавувал и слики од себе на кои се гледа како полицијата го води со лисици.

– Во нормална земја, Нермин одамна ќе беше зад решетки, но Босна и Херцеговина не е нормална земја. Не, многу работи одамна не се нормални овде. Низама Хеќимовиќ ја уби системот преку рацете на убиецот – пишува Даутбеговиќ.

Обвинителството на кантонот Тузла тврди дека Низама го пријавил Нермин за насилство, а потоа од страв ги повлекла пријавите. Портпаролот на оваа судска институција Адмир Арнаутовиќ при официјалното обраќање до јавноста рече дека Сулејмановиќ и претходно и бил познат на полицијата и на обвинителството.

– Станува збор за лице кое повеќе пати е осудувано за различни кривични дела. Тој беше осуден пред околу 15 години за обид за убиство. Тој има повеќе пресуди за насилничко однесување и загрозување на безбедноста – изјави Арнаутовиќ.

Тој потврди и дека Сулејмановиќ имал пријави за семејно насилство.

– Има такви извештаи. Но, она што треба да го кажеме е дека секогаш се користеа можностите од законот процесот да биде запрен ако пријавителот не сведочи за тоа пред судот  – изјави Арнаутовиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Масакар во старечки дом во Хрватска: Шест…

Крешимир Пахоки (51), пензиониран воен полицаец од…

Се огласи Албанецот осомничен за убиството на…

Артан Хајризи негираше дека е вмешан во…

Косовски Албанец осуден на 15 години затвор…

Основниот суд во Приштина го прогласи косовскиот…

Ново судење против родителите на монструмот Кецмановиќ…

Во Вишиот суд во Белград денеска треба…

„Толку мало дете, а толку страшен план…

Помина една година од масовното пукање во…