“Гробари” на реаловци им спремаат луда ноќна забава под прозорец и – пеколна тишина во Арена!
Кошаркарите на Реал Мадрид со инцидентот кој се случи на вториот меч, го навлекоа гневот кај навивачите на Партизан кој деновиве коваа стратегија како да им се одмаздат.
Немилите сцени кои се случија во Мадрид нанесоа штета на Партизан, се повреди Данте Егзум, а суспензии заработија Пантер (два меча) и Лесот (еден меч). Од раководството на црно-белите апелираат на фер и коректно навивање, но „Гробарите“ планираат освета која нема да им биде пријатна на реаловите кошаркари.
Се појавија информации дека денеска, кога кошаркарите на Реал Мадрид ќе пристигнат во Белград, пред хотелот ќе се соберат навивачи на Партизан кои ќе донесат звучници и сирени и нема да го остават противникот да заспие до рано изутрина.
Еден од навивачите Партизан, на социјалните мрежи сподели мислење како би било најдобро да ги изненадат кошаркарите во „Штарк арената“.
„Комплетно ја подржувам идејата за ГРОМОГЛАСНА тишина кога ќе излегуваат играчите на Реал Мадрид. Ионака ќе бидат поделени црни маици на сите… Црно + тишина и гаќите сами ќе им паднат. А потоа, пробивање на сите децибели“, е идејата која веројатно ќе се реализира.
Некои предложија и голем транспарент на кој ќе има метла, што ќе симболизира дека Партизан ќе го „исчисти“ Реал Мадрид со 3-0.
Натпреварот се игра утре (вторник) со почеток од 20:30 часот во „Штарк арената“ во Белград, на Партизан му треба уште една победа за да го завери пласманот на фајнл-фор.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…
Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…
ПДПР со демант и објаснување на денешниот…
Реакција и демант По повод видеото што…
Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…
*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…