Грозданоски со голи раце го уби Митрески – охриѓанецот сакал да го раскине договорот за доживотна издршка
Охриѓанецот Климе Митрески (76) е убиен на 25 март со задушување – убиството до изврши Жарко Грозданоски, информираат од Обвинителство.
„Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – Убиство предвидено во член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик.
На 25 март, осомничениот 53-годишник од тетовска Брвеница од користољубие лишил од живот едно лице. Делото го извршил во куќата на оштетениот во Охрид, со цел да го спречи сега починатиот Климе Митрески да го раскине договорот за доживотна издршка кој го склучиле кај нотар во февруари 2025 година.
Според договорот, осомничениот по смртта на оштетениот требало да добие голем имот. Но осомничениот веќе презел дејствија за раскинување на тој документ.
По вербална расправија околу одлуката на оштетениот да го раскине договорот, осомничениот од зад грб физички го нападнал, го совладал на подот и го удрил со бокс неколку пати во главата. За цело време го држел оштетениот со едната рака преку устата и носот со што му го спречил дишењето и кај него предизвикал смрт.
Откако се уверил дека жртвата не дава знаци на живот, го напуштил местото.
Присуството и дејствијата на осомничениот во критичниот период се евидентирани на снимки од видео надзор поставен во куќата на оштетениот, а во текот на претходната постапка обезбедени се и други снимки од видео надзор за неговото движење, како и други материјални докази.
Во конкретниот случај сомненијата упатуваат на особено тешко кривично дело за кое е предвидена казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор, што го прави ризикот од бегство значителен, а од извршувањето на делото осомничениот веќе презел дејствија за прикривање на трагите.
Имајќи ги предвид овие околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство и можност осомничениот да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, сокривање или уништување на трагите на кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор“ стои во соопштението од Обвинителство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грозданоски со голи раце го уби Митрески…
Охриѓанецот Климе Митрески (76) е убиен на…
Чешка вели дека нема пари за одбрана…
Владата на Чешка, предводена од Андреј Бабиш,…
Продолжува драмата со кравите во Крива Паланка…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка…
Војната во Иран води до поскапување на…
Конфликтот во Украина предизвика значително зголемување на…
Опасна ескалација: Хутите влегуваат во војната против…
Хутите во Јемен, поддржани од Иран, го…