ГРОМ го осуди нападот врз редакцијата на „Инфомакс“

t

Граѓанската Опција за Македонија-ГРОМ, најостро го осудува вчерашното хулиганско упаѓање во редакцијата на „Инфомакс“ за време на емисија во живо од страна на хулиган-симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ, стои во партиското соопштение.

„Со овој флагрантен чин, практично се поместува границата на кршење на демократските права на граѓаните, а тоа е да слушнат поинакво мислење од секојднeвните самофалечки вести на власта преку дузината свои медиумски мегафони. На ваков начин, Христијан Мицкоски се обидува неговата пропаганда преку своите апологети да ја претстави Македонија како рај на земјината кугла. За жал, премерот Мицкоски секојдневно упатува кон некого закани: уметници, институции, медиуми, неистомисленици и со ова јасно ставајќи им до знаење на неговите слепи послушници дека тие треба да го следат во заканите и дека токму тие ќе бидат наградени за притисокот врз неистомислениците. Ако овој хулиган се дрзна насилно да влезе во медиум и тоа опозиционен, а за волја на вистината еден од водечките, да се обидува физички да се пресмета со сопственикот на медиумот, да ја прекине емисијата која оди во живо, истото тоа да го прави кон гостинот во емисијата, покажува како власта и неговите симпатизери се однесуваат кон неистомислениците на своето работно место, во комшилукот, во кафеана или било каде. Овој чин без преседан беше крајно непријатен, а пораката е јасна, да се заплаши сопственикот на медиумот, а исто така и гостинот, нашиот лидер Стевче Јакимовски.

Ако физички е нападнат претседателот на ГРОМ и поранешен градоначалник, јасно е дека ова не е упатено само кон него, туку кон сите потенцијални гости на Инфомакс, да го избегнуваат учеството во емисии, а уште повеќе да внимаат што зборуваат.

Владејачката партија и Христијан Мицкоски, полека но сигурно се движат кон демократското дно. Ни ги украдоа изборите, купуваа гласачи, правеа бугарски возови, користеа нарко дилери и ракетари во нивната нечесна битка, како и уцени и закани и конечно се докопаа до власта во Карпош.

Но очигледно тоа не им било доволно, сега влегуваат во нова фаза, а тоа е да не замолчат, да немаме критички однос кон нивните политики и да ни остават две опции на располагање, или да замолчиме или да се приклучиме кон пофалбите на „успешните “ политики на владетелот. Овој филм, Христијан Мицкоски заедно со неговата партија може да го гледа од секого но не и од ГРОМ.

На крајот пофалби до полицијата за навремената реакција, но имаме сериозна забелешка на официјалното соопштение на МВР кое целиот настан го претставува како оштетување на две врати, прекин на емисија со обид за релативизирање на овој гнасен чин за наводно непресметливост и поранашни психијатриски лечења на сторителот.

Вчера во Инфомакс имаше упатување на удари кон сопственикот и гостинот, обид да бидат погодени со тврди предмети, закани по живот на присутните и семејствата, вулгарни навреди, пцовки, плуканици и што уште не. Затоа ГРОМ смета дека ова е настан без преседан, лицето мора да заврши зад решетки, а во исто време бараме да уследи промена на кривичниот закон со кој секој насилник кој спречува медиум, политичар или партија кој ја врши својата функција за која е основан мора драстично да биде санкциониран“ велат од ГРОМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ГРОМ го осуди нападот врз редакцијата на…

Граѓанската Опција за Македонија-ГРОМ, најостро го осудува…

Нетанјаху го нападна австралискиот премиер: Слаб политичар…

Во невиден личен напад, премиерот на Израел,…

Руски инфлуенсерки уапсени – снимиле видео пред…

Руските власти уапсија две млади инфлуенсерки, на…

Арсовска до Тошковски: Да постапеше на време,…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, преку…

Најмалку 44 луѓе загинале во израелски напад…

Агенцијата за цивилна одбрана на Газа соопшти…