Груби: Груевски ни на сон не може да се врати во Македонија

t

Поранешниот премиер Никола Груевски ни на сон не може да се врати слободен во земјава, истакна првиот вицепремиер Артан Груби, зборувајќи за влијанието на изменетите членови од Кривичниот законик.

– Никола Груевски со овие измени во Кривичниот законик не може ни да сонува да се врати во Македонија. Влијанието на изменетите членови од Кривичниот законик врз обвиненијата на Груевски е многу мало – изјави Груби во емисијата „Клан Дебата“ на ТВ Клан.

Минатата недела, лидерот на новото Демократко движење Изет Меџити праша дали е точно дека идната недела ќе му биде вратена патната исправа на Груевски, бидејќи со измените на Кривичниот законик тој автоматски се ослободува од одговорност за случајот „ТНТ“ и за „Траекторија“, додека за другите кривични дела за кои е осуден ќе му се овозможи повторување на кривичната постапка?

Со измените на Кривичниот законик, во членот 353, кој се однесува на злоупотребата на службената должност од страна на државните функционери, казните се намалуваат.

Во став 3 од членот 353 за Злоупотреба на службената положба и овластувања, досега казната изнесуваше најмалку 3 години затвор, а отсега се предвидува казна од една до 4 години затвор. Ставот 5 од истиот член предвидуваше казна од најмалку 5 години затвор, а сега е избришан. Во членот 394 за Злосторничко здружување, казната за основачот на групата е намалена од една до 10 години на до 3 години, а за членовите од една до 5 години на до 2 години.

Со намалување на казните се отвора простор за брзо застарување на овие кривични дела, како и ослободување од одговорност на многу поранешни функционери за кои веќе се води постапка во различни фази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…

Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…

Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…

Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…

Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…

(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…

Лиценца за испитен центар се издава за…

Власта бесрамно се фали со донациите на…

Левица ја оценува како крајно дрска и…