Груби до Силјановска: Време е да запрат овие интриги, немате шанса да си играте со Албанците
Продолжуваат реакциите по говорот на кандидатката за претседател на Македонија Гордана Силјановска Давкова во кој се осврна на војната во 2001. Откако лидерот на ДУИ остро одговори, се огласи и министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби. Тој порача дека се работело за неодговорни политичари и повика сите да гласале за Европскиот фронт за да престанеле, како што рече, пакосните игри кои правеле поделби.
„Ова го носат неодговорните политичари. Затоа, гласот на целиот албански народ, вклучително и оние кои гласаа за опозицијата, и заедниците, мора да се построи зад Али Ахмети и Европскиот фронт за ВМРО да нема никаква шанса да си игра со судбината на Албанците. ОВК, другите заедници, медиумите, граѓанското општество, администрацијата и земјата. Вашиот глас за Европскиот фронт го блокира ВМРО и го запира нејзиниот моментум. Ајде да ги спречиме овие пакосни работи кои предизвикуваат поделби, сите гласот да го дадат на Али Ахмети – Европскиот фронт со 30 пратеници, па потоа да видиме како ќе се однесуваат“, напиша Груби на социјалните мрежи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лога, Груби и Битиќи: Разговараме за заедничка…
Неофицијално јас знам дека тој датум ќе…
Антикopyпциска го иcкapa Гpyби го пpeкршил Кодексот…
Антикорупциската комисија на денешната седница констатираше дека…
(Видео) Груби: Ќе има Албанец премиер во…
Првиот вицепремиер Артан Груби во интервју за…