Груби: За иднината на земјата сме подготвени да се откажеме и од барањето за премиер Албанец

t

За иднината на нашата земја сме подготвени да се откажеме и од привремена влада и од премиер Албанец и од нашите мандати. Од сé што е политички договор на коалицијата ние се откажуваме, под услов македонската опозиција да ги гласа уставните измени,

Ова во интервју за косовската телевизија Т7 синоќа го изјавил првиот вицепремиер и министер Артан Груби откако лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети вчера соопшти дека сите министри и останати функционери на ДУИ во Владата поднеле оставки до премиерот Димитар Ковачевски.

Груби додаде дека со одлуката за депонирање на оставните од страна на министрите, ДУИ ѝ го отвора патот на македонската опозиција да гласа за уставните измени, а тоа, како што додава првиот вицепремиер, е во полза на интеграциите на Македонија во Европската Унија и за доброто на граѓаните.

„Познато е дека пред два месеца имаше средба меѓу премиерот Ковачевски и опозицискиот лидер, г. Мицкоски, при што Мицкоски нагласи дека единствен услов на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за да ги гласа уставните измени, кои се услов за продолжување на нашиот европски пат, е излегувањето на ДУИ и на Албанците од македонската влада и формирањето моноетничка влада на двете главни македонски партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Значи, на опозицијата не ѝ пречи вклучувањето на Бугарите во преамбулата на Уставот, не ѝ пречи ништо друго, туку ѝ пречи Албанците да бидат во владата и ѝ пречи еднаквоста меѓу Македонците и Албанците“, вели Груби во интервјуто за косовската телевизија, пренесе МИА.

Груби додаде дека одлуката за оставки на министрите не е ненадејна, бидејќи определба на на ДУИ и нејзиниот лидер Ахмети за целосна интеграција на Македониај во ЕУ не е ниту од денеска ниту од вчера, туку, како што додва првиот вицепремиер, е актуелна уште од основањето на партијата.

Вчера, партискиот лидер Али Ахмети објави дека министрите од неговата партија поднеле оставки од функциите, кои ќе станат ефективни откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставните измени.

Влада без ДУИ беше едно од барањата кои лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги постави на лидерската средба со премиерот Димитар Ковачевски на 7 јуни, а на која се зборуваше за гласање на уставните измени.

Уште истиот ден, портпаролот на ДУИ и министер за надворешни работи Бујар Османи соопшти дека тој и неговите сопартијци се спремни на ваков чекор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Се огласи Албанецот осомничен за убиството на…

Артан Хајризи негираше дека е вмешан во…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…