Груби: Има пратеници од опозицијата кои сакаат да гласаат за уставните промени!
Според првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби кај опозицијата има луѓе кои сакаат да се продолжи со евроинтеграцијата на земјата и да ги поддржат уставните измени во параламентот. Темата за референдумот, рече тој во одговор на новинарско прашање поврзано со најавите на опозицијата за референдумско изјаснување, ја туркаат политичари кои се обидуваат да го продложат опстојувањето во политиката.
– Мојот личен став и ставот на Владата е дека нема алтернатива за европска Македонија. И затоа придонес треба да дадат сите, бидејќи апсолутно сите граѓани, сите заедници, сакаат да ја видат нашата држава како членка на Европската унија. На ист начин, како што бевме заедно кога ја зачленуваме земјата во НАТО. Па така, треба да разговараме со пратениците од опозицијата кои ќе гласаат за уставните измени, а такви ги има. За ова треба да се разговара, а не за дневно политички теми како што е референдумот, кои им служат на одредени политички актери за одржување во живот, напомена Груби во одговорот на новинарско пршање по завршувањето на Школата за млади лидери во Леуново.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лажниот мит за зголемување на БДП со…
Лажниот мит за зголемување на БДП со…
Конго и Руанда потпишаа мировен договор со…
Демократска Република Конго и Руанда денес потпишаа…
Видовдeн во Белград: Можеби сè, можеби ништо
Никој не знае точно што ќе се…
„Би-би-си“: Новата шефица на МИ6 е внука…
МИ6 денес се обиде да ја дистанцира…
Физички напад меѓу вработени во Комплексот клиники…
Нова драма се случи во рамки на…