Груби и новата германска амбасадорка разговарале за уставните измени
Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби имаше средба со новата амбасадорка на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер, соопшти денеска неговиот кабинет.
Скрининг-процесот и патот на евроинтеграциите, реформите во земјата, уставните измени како и економскиот развој, беа теми на разговор меѓу Груби и Дрекслер.
Груби и посакува добредојде и успех во нејзиниот мандат, и оцени дека двете земји традиционално имаат пријателски односи и како резултат на меѓусебната соработка, Република Македонија денеска ја гледа Сојузна Република Германија како стратешки партнер.
Амбасадорката Дрекслер истакна дека соработката меѓу двете земји таа треба да се продолжи уште поинтензивно во сите области од кои се од заемен интерес.
Двајцата соговорници разговараа за процесот на уставните измени и за обезбедување на поширока поддршка за продолжување на следната фаза од преговорите, при што Груби ја информира германската амбасадорка за заедничкиот проевропски фронт како и за иницијативата за почеток на уставните измени, с енаведува во соопштението од кабинетот на првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…
Германската полиција застрела 30-годишна Бугарка – Напаѓала…
30-годишна Бугарка беше застрелана од полицијата откако…
Во пакет на DHL пронајден бел прав…
Најмалку 12 лица се повредени откако во…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…