Груби и Ќучук: Северна Македонија и Бугарија да го продолжат дијалогот за брзо решавање на спорот
Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби се сретна денес со бугарскиот европратеник и известувачот за Северна Македонија во Европскиот парламент, г. Илхан Ќучук.
На оваа средба, Груби и Ќучук разговараа за досегашниот тек на преговорите со соседна Бугарија, потребата од нивно динамично продолжување со уште поконструктивен пристап за деблокирање на интеграцијата на нашата земја во Европската Унија, како и за билатералните проекти кои ќе ги продлабочат добрососедските односи.
Првиот вицепремиер Груби на бугарскиот европратеник му ја истакна решителноста и непоколебливоста на земјата на патот на евроинтеграциите, како и го информираше за унапредувањето на работниот процес за реализација на Коридорот 8, најголемиот инфраструктурен проект што поефикасно ќе ги поврзе двете земји.
Европратеникот Ќучук му ја пренесе на Груби неговата посветеност за континуираното лобирање за геополитичката важност на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ.
Груби и Ќучук ја завршија средбата со оптимизам за европската перспектива на Северна Македонија и за прогресивниот развој на двете земји.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се огласија од Бугарија: Мицкоcки манипулиpа, има…
Националното претпријатие за железничка инфраструктура, кое е…
Бугарскиот парламент забрани промоција на нетрадиционална сексуална…
По повеќе од 4 часа дебати и…
Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…
Двометарски нилски крокодил живее во јама на…
Земјотрес во Бугарија
Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…
Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија
Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…