Груби кажа од кого му се спортските реквизити: Антиќ ми го подари баскетот, Мојсовски ракометната топка
Првиот вице-прмеиер Артан Груби, во гостување во емисијата “Топ тема” на Телма кажа дека спортските реквизити кои ги има во неговиот кабинет се подароци од спортисти и федерации во Македонија.
– Голчето ми е дадено од Фудбалската федерација на Македонија, баскетот ми е поклонет од Перо Антиќ, а ракометната топка од Наумче Мојсовски, директорот на Агенцијата за млади и спорт која ќе биде дел од Министерството за политички систем и ќе ги претставува интересите на сите групи, рече Груби.
Груби додаде дека во неговата канцеларија стои и позлатеното пенкало со кое го потпишал договорот со турско-американскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за изградба на автопатиштата на коридорите 8 и 10.
Претходно Груби истакна дека нема претставник на странска држава кој не шутирал во неговиот кабинет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лога, Груби и Битиќи: Разговараме за заедничка…
Неофицијално јас знам дека тој датум ќе…
Падна член на меѓународната криминална банда: Бугарин…
Бугарскиот државјанин Рангелов Јилиј е уапсен воСрбија…
Антикopyпциска го иcкapa Гpyби го пpeкршил Кодексот…
Антикорупциската комисија на денешната седница констатираше дека…
(Видео) Груби: Ќе има Албанец премиер во…
Првиот вицепремиер Артан Груби во интервју за…