Груби направи голема грешка што ја напушти државата, вели Вилма Русковска
Одлуките на Владата се колективни и за нив важи функционален имунитет и доколку има криминал треба да се најде одговорност, изјави адвокатот и поранешен член на Антикорупциска комисија Драган Малиновски.
„Треба да се има предвид фактот дека членовите на Владата уживаат имунитет како пратениците во Собранието. Тоа е регулирано со Закон за Влада и сега тоа е таканаречен функционален имунитет и го штити од прогон за искажано мислење, донесена одлука, но се разбира таа одлука треба да биде во рамките на дозволеното. Но, тоа не е апсолутна одлука, ако некој како член на Влада или како повеќемина членови на Влада донесат одлука која е базирана на некој коруптивен настан или за некој за што се има докази, во тој случај не ве штити – секој одговара. Не е апсолутен имунитетот и не може како таков да се прифати,“ рече Малиновски во дебатата на „Топ тема“ за случајот со Државна лотарија.
Поранешната обвинителка Вилма Русковска смета дека поранешниот вицепремиер Артан Груби направил голема грешка што ја напуштил државата и смета дека „ако останеше овде многу мала беше веројатноста да му се определи притвор“.
Притворот, посочи таа, се одредува по три основи – влијание на сведоци, опасност од бегство и опасност да го повтори делото.
„Ако беше тука, која би била таа опасност од бегство, ако му е цело семејство тука и така, да го повтори делото веќе не може, не е на таа функција веќе, а третиот основ остануваше влијание на сведоци, а влијание на сведоци може на други начини да се врши“, рече Русковска.
По поранешниот вицепремиер во Владата Груби вечерва беше распишана потерница, исто како и по поранешниот директор на Државна лотарија Прпарим Бајрами. Двајцата и уште шестмина други, меѓу кои е и поранешниот премиер Димитар Ковачевски, се осомничени за злоупотреби во случајот со Државна лотарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Снегот предизвика проблеми во Бугарија, Боровец остана…
Снежното невреме во Бугарија предизвика проблеми во…
Финансиска полиција спроведува акција за апсење на…
Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан…
МОРБИДНО! Семејството на убиената млада мајка открива:…
Животот на самохраната мајка на шест-годишно дете,…
Мицкоски: Безбедносните служби лажно ме претставиле како…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната…
Нема ризик за безбедноста, државата е во…
Не постои никаков ризик за безбедноста, за…