Груби се пишмани: Гимназијата се враќа на македонските ученици во Тетово!
Потпретседателот на Владата, Артан Груби на неговиот Фејсбук профил објави дека од вторник ќе биде донесена одлука просториите кои беа доделени на Агенцијата за катастар на недвижности да се вратат повторно во служба на Средното медицинско училиште во Тетово.
Првиот потпретседател на Владата, Артан Груби реагираше на коментарите од страна на градоначалникот на Тетово, Биљал Касами за давањето на стариот објект на Средното медицинско училиште во Тетово на користење на Агенцијата за катастар на недвижности, нагласувајќи дека одлуката за тоа е донесена од страна на Владата без никаква негативна тенденција.
Во врска со изнесените полемики денес во јавноста за давањето на стариот објект на Средното медицинско училиште во Тетово во служба на Агенцијата за катастар на недвижности, би сакал да дадам објективно разјаснување на целата ситуација и да појаснам дека во одобрувањето на оваа одлука од страна на Владата нема никаква намерна тенденција. Ваквата одлука првично е донесена на барање на Агенцијата за катастар во 2021 година, во времето кога општина Тетово ја водеше г-ѓа Теута Арифи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лога, Груби и Битиќи: Разговараме за заедничка…
Неофицијално јас знам дека тој датум ќе…
Груби се пишмани: Гимназијата се враќа на…
Потпретседателот на Владата, Артан Груби на неговиот…
Утрово по две години се вратија учениците…
По две години учениците се вратија во…
Антикopyпциска го иcкapa Гpyби го пpeкршил Кодексот…
Антикорупциската комисија на денешната седница констатираше дека…
(Видео) Груби: Ќе има Албанец премиер во…
Првиот вицепремиер Артан Груби во интервју за…